Мајка се појавила на свадбата на својата ќерка во бикини, а еве што облекла врз нив! „Како не ти е срам“
Повеќето мајки никогаш не би се потрудиле да ја засенат својата ќерка, особено не на денот на нејзината венчавка, сепак, оваа дама одлучила да се облече во шокантна облека на денот кога го омажила своето дете.
Многумина знаат едно правило кога се во прашање свадбите - не смеете да ја засените невестата.
Меѓутоа, мајка на една невеста остави многумина во шок кога на свадбата на својата ќерка се појавила во проѕирен фустан само со бикини одоздола.
И додека оваа облека предизвикала доста контроверзии, невестата била вознемирена, но наводно мајката планирала да облече бел фустан, но нејзината ќерка ја замолила да не го прави тоа. Сепак, многумина биле шокирани од проѕирната облека, за која некои рекле дека наликува на „евтина ноќница од полиестер“.
„Толку е грубо да се носи долна облека на свадба“, „Не би ѝ дозволил да се доближи до фотографот. Тоа е лудост“, „Оваа облека не е соодветна за свадба“, биле дел од коментарите.
Сепак, имало и такви кои сметале дека мајката изгледа исклучително добро.
„Ако имате нешто да покажете, покажете го“, „Ох, таа изгледа толку жешко, а има 57 години?“, напишале тие.
Некои изразија мислење дека би биле бесни доколку се на местото на невестата поради ваквиот избор на облека.
„Би збеснала да сум невеста“, „Зошто би носела бикини на свадба? Не си на плажа, ти си мајка на невестата“, коментирале тие.
Сепак, ќерката не се вознемирила премногу поради облеката на мајка си и јавно и се заблагодарила. Сите изгледале расположени и насмеани на фотографиите додека го одбележале посебниот ден.
Фото: Reddit
Извор: Sd.rs