Мајката почина од рак, а синот до неа почина од глад, никој не дојде на нивниот погреб
Неверојатно тажна приказна од Босна и Херцеговина, поточно од Бања Лука.
Хуманитарецот Драгослав Шиник зборуваше за босанските медиуми по погребот на неодамна починатите мајка и син кои починаа, но и беа погребани сосема сами.
„Го допревме дното па и подлабоко. Ги погребавме Славица и нејзиниот син Жељко. Славица боледувала од рак и се претпоставува дека лежела мртва во нивната куќа најмалку 15 дена. Жељко, кој имаше пречки во развојот од самото раѓање, неколку дена страдаше покрај својата мртва мајка, гладен и жеден, додека и тој не ја предаде душата“, рече Шиник.
Не може да биде потажно
Откри и дека со денови никој од соседите не ја отворил вратата од куќата на Славица и Жељко, а со денови ја игнорирале смрдеата што доаѓала од нивниот дом по смртта.
За да биде приказната уште потажна, никој не дојде ни на погребот. На последното збогување беа само Драгослав и еден вработен во Градските гробишта Бања Лука.