Македонија си го смени името: Ама овој град тоа го направи 225 пати

Холандскиот град Ливареден е носител на Гинисовиот рекорд. Тоа е град чие точно име не е познато со векови, бидејќи е променето 225 пати! 

Местото има единствена историја на јазици во светот. До денес, никој не е сигурен какво е неговото вистинско име. Ливаден, Љуверт, Левард или можеби Леоардија?... Ова се само неколку називи кои градот ги менува уште од 11 век.

Во него официјално се зборуваат фризијски и холандски јазик, но никој не го знае точниот број на говорни јазици.

Се чини дека таа формалност воопшто не е битна во споредба со слободата која ја дава затоа што е дом дури на 128 различни националности.

Воошто не зачудува што во овој град се наоѓа и „Куќата на јазиците“ која е своевиден каталог за сите јазици кои се зборуваат во светот.

Во овој рај за лингвистите може да се најдат дури 6720 различни јазици.

Главен град е на покраината Фрисланд која беше најмалку населена во Холандија, а потоа почнаа да ја населуваат Холанѓани, Фламанци, Валонци...

Од тогаш Ливереден има само прекари затоа што околу името холандската влада се нема погрижено затоа што не постои службена норма на имиња.

Во 2018 година беше именуван како европска престолнина на културата. 

Извор: Би Би Си