Македонската печурка- Ангелот на уништување и смрт: Со само 15 грама може да убие човек
Amanita phalloides - Зелена Мувоморка, Зелена пупавка. Смртно отровна печурка. Доволно е само 15 грама свежа за да убие човек од 75 килограми. После консумација првите симптоми на труење се јавуваат дури после 24- 48 часа, кога е веќе доцна.... Кај нас ја има многу често од мај па до средината на ноември.
Знаците на труење се: повраќање, тешка дијареја, зашеметеност, несвесница, грчеви на мускулите, понекогаш и колапс на кардиоваскуларниот систем и смрт. После оваа фаза доаѓа до привидно подобрување, а после следи и најтешката втора фаза на труењето при што отровите на зелената пупавка доаѓаат до црниот дроб и бубрезите ги разградуваат и ги претвораат во масно ткиво со што тие органи откажуваат, потоа внатрешни крварења и на крајот смрт кој што обично се случува четвртиот ден после конзумирањето на оваа врста. Затруеното лице треба веднаш да се пренесе во болница. Нема противотров.
Оваа печурка е многу отровна, но е уште поопасна бидејќи берачите на печурки често ја мешаат со шампињоните, заради белата боја на шапката. Бидејќи симптомите на труење се појавуваат доцна, третманот е многу тежок. На пациентот му се даваат големи дози на пеницилин, тиооктинска киселина, силибинин или силимарин, хипербаричен кислород.
Целата печурка излегува од јајце. Доколку тоа се пресече напречно пред печурката да го пробие ќе се видат контурите на млада печурка. Шапката во почетокот е со топчеста форма којa потоа преминува во изглед како чадорче. Достигнува пречник од 5-15цм. Зелената пупавка има многу различен спектар на бои на шапката. Најчесто е со некоја нијанса на зелената боја, но исто така може да биде светло или темно смеѓа, дури може да биде и потполно бела на која што на мал дел постои некоја зелена нијанса. Познатиот и одамна покоен миколог Иван Фохт во едно од своите дела пишува дека зелената пупавка ја наоѓал и како лимон жолта, а во некои региони и со челично плава боја на шапката.
Ливчињата се нежни, лесно кршливи и со бела боја. Струкчето е со бело-зеленкаста нијанса кое на горниот дел има бело венче, а на основата се наоѓа остатокот од јајцето кое сега изгледа како вреќичка и претставува многу битен момент кој помага во правилно детектирање на оваа врста.
Во микологијата е позната и како Ангел на уништување и виновна се за смрт и на цели семејства