Македонската пештера Голубарница: Надреална, но крие мистерија
Голубарница (позната и како: Голубарник) е пештера која се наоѓа во Поречјето, во близина на селото Белица.
Пештерата е долга околу 100 метри, и е една од поубавите пештери во реонот на селото Белица. Во неа има многу процепи и недостапни места.
Во оваа пештера е изворишниот дел на реката Белешница. Позната е по специфичните лилјаци, уникатниот бисер и загадочниот човечки череп.
Пештерата се наоѓа на ридот Дафпат, а од селото Белица е одалечена околу 1,6 километар кон исток.
До Гулабарница може да се дојде по одлично маркирана патека, притоа одејќи со средно темпо од околу еден час.
Отворот на пештерата има јужна експозиција и се наоѓа на надморска височина од 868 метри, височина која е за околу 300 метри повисока од селото Белица.
Оваа пештера е дом на неколку вида на лилјаци, од кои се мал потковичар (Rhinolophus hipposideros), јужен потковичар (Rhinolophus euriale), мехелиев потковичар (Rhinolophus mehelyi) и долгокрилест лилјак (Miniopterus schreibersii). Лилјаците ја користат пештерата како место за презимување (хибернација), одгледување на младите и засолниште во топлиот период на годината.
За време на едно екпеситивно истражување на СД „Пеони“ бил пронајден многу редок примерок на пештерски бисер, стар илјадници години. Спелеолозите тврдат дека бисерот е уникатен карцитен феномен и дека досега во Македонија е единствен со толкава големина.
Черепот од Голубарник
СД „Пеони“ откриле остатоци од човечки череп и коски од екстремитети. За черепот и коските спелеолозите претпоставуваат дека се многу стари, а можеби и остатоци од праисторискиот човек. Черепот случајно го открил еден од членовите на друштвото осветлувајќи еден процеп во пештерата. До отворот каде што има череп на човек може да се влезе од друга страна. Досега на територијата на Европа најстарите човечки остатоци датираат од 200,000 до 800.000 години пред нашата ера. Во Македонија се уште не е откриен толку стар човечки остаток, па ова кога би излегло вистинито би бил најстариот откриен предок.