Македонските спасители од Софија: Ова се докторите со потекло од Македонија, кои учествуваа во транспортот на повредените од пожарот во помошта на Бугарија

Никој не ни помисли дека тој 16-ти март ќе биде кобен ден за многу млади луѓе, кои една обична саботна ноќ одлучиле да се забавуваат на концертот на ДНК. По неколку часа забава, рано утрината во дискотеката избива пожар во кој 59 луѓе го загубија животот, а нешто повеќе од 150 беа повредени.
Повредените со автомобили на Брзата помош беа пренесувани во болницата во Кочани, и околната најблиска Штипска болница, останатите на клиниките во Скопје.
Поради сериозноста на повредните и подобар третман повредените беа пренесени на неколку клиники во европските земји.
Бугарија беше една од првите земји од регионот која веднаш испрати помош. Авион на бугарското воено воздухопловство „Спартан“ и шест амбулантни возила од итната медицинска помош од Софија превезоа некои од најтешко повредените во пожарот.
Тројца лекарите од Брзата помош од Софија, кои ги преземаа првите повредени од трагедијата во Кочани се по потекло од Македонија.
Д-р Марија Кушевска е меѓу медицинските лица од итната помош која е во спасувачка мисија. Родена е и израсната во Кочани, а во трагедијата изгубила блиски роднини и пријатели.
Додека ги преземала пациентите за транспорт, отпосле дознала дека нејзиниот пациент е пријател на нејзиниот брат, а додека патувале со брзата помош за Софија во авионот на пат за Бугарија бил и нејзин прв братучед.
Во тимот на лекари кои патуваа во родната Македонија за да ги спасат настрадани од големиот пожар во Кочани бил и Д-р Даниел Кировски од Валандово.
Моменталната состојба на повредените е стабилна. Министерот за здравство Арбер Таравари изјави дека шеснаесет пациенти кои се лекуваат во земјава се очекува да бидат испишани од болниците и лекувањето да го продолжат во домашни услови.
Во моментов во државава се лекуваат 54 пациенти од трагедијата во Кочани, 46 во јавните здравствени установи, а осум во приватните болници. Од оние во јавното здравство, 26 се лекуваат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, тројца на КАРИЛ, шестмина на Пластична хирургија, 11 на Токсикологија, по двајца на Пулмологија и Детска хирургија и по еден на Торакална хирургија и Офталмологија. По десет лица се лекуваат во ГОБ „8 Септември“ и Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“.
Во странство се лекуваат 115 пациенти, а од нив четири се во критична состојба. Оваа недела се очекува осуммина од оние во странство да се вратат на клиниките кај нас.
Фото: Btv.bg/ Facebook