Малкумина знаат дека вистинското име на Христос не е Исус: Научниците открија како всушност се нарекува Божјиот син
Исус најверојатно зборувал арамејски
Научниците веруваат дека историскиот Исус живеел под друго име, најверојатно на арамејски јазик што бил вообичаен во регионот каде што е роден.
Името „Исус“ што го користиме денес настанало преку многу преводи и транслитерации низ вековите. Според некои теории, името на Исус било Јешуа или пократка форма на Јешу, што било вообичаено име во Галилеја во првиот век.
Исус, најверојатно, зборувал арамејски, бидејќи тоа бил јазикот на секојдневната комуникација во тоа време, додека хебрејскиот бил резервиран за религиозни церемонии. Во грчкиот превод на Новиот завет, името Јешуа станало „Иесус“, а преку латинските и европските јазици се променило во денешната форма на „Исус“ во 16 век, пишува „Дејли мејл“.
Исто така, „Христос“ не е презиме на Исус, туку титула што значи „Месија“. Во античкиот свет луѓето немале презиме како денешното, туку се разликувале по татковото име или место на потекло. Затоа, Исус веројатно бил познат како „Исус од Назарет“ или „Назареецот“, а неговото целосно име би било „Јешу Назареецот“.
Точниот изговор на неговото име не е познат, но се претпоставува дека тоа било нешто како „Је-шу-ах“ или „Јешу“.
Да потсетиме, вештачката интелигенција неодамна откри како навистина изгледал Исус, каков бил неговиот карактер. Користејќи го софистицираниот генератор на вештачка интелигенција „Midjourney“ и реинтерпретацијата на христијанска реликвија, тие добија симулација на лицето зад Торинското платно.
Вештачката интелигенција го прикажува Христос со долга коса и брада, слично на класичните прикази. Се чини дека тој има исеченици и гребнатини на лицето и телото, што би одговарало на раните на распнување спомнати во Библијата.
Фото: freepik