Мапа на Европа: Во Македонија се свири со автомобили за свадби, но еве каде не се прави тоа

На мапата Европа во принцип е поделена на половина. Земјите во кои нема да слушате свирки од автомобили за време на викендите кога невестата и младоженецот прават свадба и држави во кои свирките се традиција на венчавките.

На Инстаграм профилот на Lover of Geography секојдневно се наоѓаат нови мапи кои ја делат Европа, Северна Америка, Азија или цел свет според одредени критериуми. Мапата објавена неодамна, насловена како „Државите каде што гостите во автомобили свират кога пристигнуваат на свадба“, предизвика лавина од коментари. 

На неа Европа во принцип е поделена на половина. Земјите каде што нема да слушате свирки од автомобили за време на викендите кога одите на свадба се: Португалија, Шпанија, Андора, Франција, Белгија, Холандија, Луксембург, Италија, Велика Британија, Ирска, Исланд, Норвешка, Шведска, Данска, Финска, Германија... А 'свирките' се составен дел од свадбената традиција во Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Романија, Русија, Грција, Турција... 

- Типично за Балканот. Видов и како пукаат во небо - напиша еден Американец на социјалните мрежи, кој додаде дека верува дека ова е „примитивен настан“.


Другите не гледаат ништо спорно во тоа.

- Во мојот Оман исто така секогаш се свири со автомобилите кога се први свадба. Не е свадба ако не се создава врева – напиша еден корисник на Инстаграм.

Други наведуваат дека оваа „традиција“ постои и во помали места во земји каде што, според оваа карта, не е толку вообичаена.

- Во Германија не е толку невообичаено. Имаме многу доселеници кои дошле овде со својата традиција и продолжуваат со овие обичаи. Многу ми пречи и не ја разбирам поентата - напиша еден огорчен Германец.

Неколку корисници исто така изјавија дека свирки до автомобили на свадби можат да се случат во Португалија, Чешка, Италија и Унгарија, додека за Скандинавците овој обичај е сосема непознат и бизарен.


Фото: Инстаграм/ unsplash