Марина била калуѓерка од пеколот: Тоа што им го направила на жените во манастирот на ѓаволот во пеколот нема ни да му текне

„Имам чиста совест пред Бог дека си ја извршив својата должност пред овие слаби суштества што ме обвинија на судењето“, рекла Марина пред смртта

Во Грција, на почетокот од 20. век, голем број луѓе го изгубиле животот поради монструозното однесување на една калуѓерка.

Според податоците изнесени во емисијата „Досие“, минимум 177 луѓе настрадале, бидејќи толку тела успеала да пронајде полицијата, а некои проценуваат дека таа бројка стигнала до 500. За смртта на сите тие луѓе била обвинета една жена, калуѓерката Маријам Сулакиотис.

Била родена како Марина околу 1883 година во сиромашно семејство. Во една пригода во својот дом го угостила монахот подвижник Матеј. Разговарала со него и решила да се закалуѓери и да му се посвети на таквиот начин на живот. Некои сметаат дека Маријам била вљубена во него, додека други веруваат дека биле во романтична врска сè до неговата смрт.


Тие заедно го основале манастирот Панагија во Кератеа. Таа станала игуманија во 1950 година, по смртта на монахот. Наведувала многу верници да се откажат од имотот за да му го подарат на манастирот, односно нејзе. Поради тоа се соочувала со тужби и со проблеми со законот, но тоа не биле единствените обвинувања.

Во 1950 година во манастирот упаднале 85 службеници и пронашле десетици изнемоштени жени и деца, а во шталите на манастирот нашле посмртни останки од починатите. Таа во јавноста станала позната како „мајката на Распутин“, а полицијата собирала докази за да ја задржи во затвор.

Најлошото од сите обвинувања било тоа дека калуѓерката довела до смртта на околу 150 деца. Многумина умирале од неухранетост, туберкулоза, нервен слом и многу други болести, како последица на непрекинатите измачувања што им ги вршеле калуѓерките поради верски фанатизам.

Според сведоштвата, калуѓерките биле многу сурови кон сите што се зачленувале во манастирот. Маријам ги негирала сите обвинувања на своја сметка и изјавила дека луѓето доаѓале во манастирот да ја спасат својата душа, а таа само им помагала во тоа. Таа стекнала огромно богатство од околу 150 илјади долари и имала околу 300 недвижнини. Било утврдено дека повеќе од 500 верници му го подариле својот имот на манастирот.

Била осудена во три различни судења, прво на 26 месеца, потоа на 10 години, а потоа на уште 4 години. Била осудена за смртта на монахот, за незаконско притворање, проневера и измама. Кога ја слушнала својата пресуда, таа рекла:

„Имам чиста совест пред Бог дека си ја извршив својата должност пред овие слаби суштества што ме обвинија на судењето“.

Маријам починала во затвор во 1954 кога имала 71 години. Расправите околу тоа што точно се случило во овој манастир продолжиле и по нејзината смрт. Манастирот постои и функционира и денес.


Izvor: stil.kurir.rs

Foto: Printscreen/youtube