„Машала, стигнаа туристите“: Слика од плажа запрепасти многумина, маж се сонча а сите гледаат во неговите нозе

Како луѓето го поминуваат времето на плажа можеме да видиме по слики од одмори кои секојдневно се објавуваат на социјалните мрежи

Корисничка на социјалната мрежа Твитер објави фотографија која го привлече вниманието на многумина. Како што започна сезоната на одмори, се поткрадуваат неколку слики од плажа, па можеме да видиме и како луѓето го поминуваат времето на море.

На сликата можете да видите како непознат маж лежи на лежалка покрај морето и сето тоа би било нормално ако човекот не носеше чорапи. Не е наведено каде е напрфавена оваа фотографија и кога е направена. 

Профилот „C_Gorka“ на Твитер објави фотографија со опис: „Пристигнаа туристите... машала...“, додека подолу додаде емотикони од домати, алудирајќи на познатите „домат туристи“, како што ги нарекуваат оние кои сакаат да заштедат пари на одмор.


Под фотографијата набрзо се појавија коментари, а очигледно луѓето ги шокираше фактот што непознат маж се сонча во чорапи.

  „Господе!! Има чувствителни стапала, па на песокот му е полесно со чорапи“, „Па, ова уште не сум го видел“, „Сè почнува од стапалото...не на промаја“, „Веројатно нивниот мозок е во стапалата, па го покриле да не го погоди сончаница“, беа само дел од коментарите.