Маск откри кои според него се 3-те НАЈПАМЕТНИ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ, едно име ГИ ШОКИРА СИТЕ!
Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, се појави во подкастот на републиканскиот политичар Тед Круз, каде откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе на светот. Едно име ги изненади сите.
Маск рече дека еден од најпаметните луѓе е Лери Елисон, ко-основач на Oracle и поранешен член на одборот на директори на Tesla (тој беше на таа позиција од 2018 до 2022 година).
Тој го опиша како „еден од најпаметните луѓе што ги познава“. Тие се поврзани со деловна соработка, а Елисон наводно инвестирал 1 милион долари за да му помогне на Маск да ја преземе платформата X во 2022 година.
Вториот човек е основачот на Гугл, Лари Пејџ.
Маск рече дека неговиот успех и претворањето на Google во глобален технолошки гигант се последиците од неговата исклучителна интелигенција. „До одреден степен паметен човек е некој што прави паметни работи“, нагласи тој. Иако претходно биле блиски пријатели, нивната врска била затегната поради несогласувањата околу развојот на вештачката интелигенција.
Третиот е Џеф Безос, неговиот ривал особено во областа на вселенската индустрија. „Безос се соочи со многу сложени и значајни предизвици“, рече Маск, истакнувајќи ја својата работа со Blue Origin.
Маск претходно сподели објави кои укажуваат дека ривалството стивна. На списокот го нема американскиот претседател Доналд Трамп, чија кандидатура ја финансираше, а сега Илон го предводи одделот за владина ефикасност.