Математичка задача направи хаос на Интернет: Луѓето меѓусебно се караат, а решението е толку едноставно

Прес Толвокер, човек кој студирал економија и математика на Универзитетот Стенфорд, објасни како да се добие вистинскиот резултат

Едноставна математичка задача создаде хаос на социјалните мрежи, каде луѓето меѓусебно се расправаа за точниот резултат.

Задачата која гласи - 6:2 (1 + 2) =? стана вирална на Твитер, каде некои корисници тврдат дека решението е еден, а други дека точниот одговор е девет.

Прес Толвокер, човек кој студирал економија и математика на Универзитетот Стенфорд, објаснил како да се добие точниот резултат, кој на некои нема да им се допадне.

Како што објасни математичарот, прво се решаваат заградите, така што се добива 6: 2 (3) =?, односно сега се појавува знак за множење помеѓу броевите два и три.

И додека многумина веруваат дека множењето доаѓа пред делењето и дека сега ни останува 6: 6 = 1, Толвокер тврди дека тоа не е точно.

Современата математика не му дава предност на множењето, но операциите на множење и делење сега се изедначени, така што овој проблем се решава од лево кон десно, така што ќе добиеме 6: 2 * 3 = 3 * 3 = 9.