Маж јавно се пожали: „Дали треба да ја оставам сопругата затоа што ми го ускратува она што го сакам?“

Мора да има компромис во љубовта и врските, но сè додека се почитуваат желбите и навиките на двајцата партнери. На еден форум, наидовме на ваква исповед на еден маж:

"Јас сум татко на две прекрасни деца, мојата сопруга и јас имаме близу 40 години. Во брак сме веќе седум години. А, 11 години сме заедно. Откако се венчавме и дојдоа децата на свет, престанавме да водиме љубов. Ние со години не водиме љубов. Воопшто! Јас имам голема желба, но жена ми нема никакво либидо.

Таа признава дека не сака да биде интимна и дека никогаш не уживала во тоа (што е поразително за мене затоа што на почетокот беше одлично). Таа има многу мала самодоверба, иако редовно и делам комплименти, и купувам долна облека и други убави работи. Таа работи само неколку часа неделно, а јас најчесто готвам.

Неодамна започнав да размислувам за тоа како ми минува животот, а жена ми вели дека не е тоа нејзин проблем. Тој не сака да оди на лекар за совет, затоа што едноставно не гледа ништо лошо во сето тоа. Дури јас одев на лекар и барав лекови што ќе ми го намалат либидото се со дел да сотанам со неа и да бидеме среќни.

Но, сите ми кажаа дека не постои такво нешто на пазарот, а не е ни здраво “, напиша тој и побара помош од другите корисници на форумот. Но негова главна дилема е дали треба да ја напушти сопругата и да ризикува децата да бидат повредени со развод.

Или да се помири со фактот дека тој веројатно никогаш повеќе нема да има секс во животот. Луѓето беа полни со разбирање, му нудеа зборови на поддршка и им укажуваа на можни причини за ниското либидо на неговата сопруга. Што мислите? Дали бракот како овој има шанса да преживее долго? Обично се молчи за овие работи и воде,  а повеќето мажи се погодени од ваков или сличен случај.