Мажи, прочитајте го ова: Машката брада има повеќе бактерии отколку влакната на кучето

Еве што покажа најновото истражување...

Научниците од клиниката Хирсланден во Швајцарија споредија примероци од брада од 18 мажи на возраст од 18 до 76 години со влакна од 30 кучиња. Се испостави дека сите мажи имаат бактерии во брадата, а дури седум од нив се опасни по здравјето.

Андреас Гутцеит е докторот кој го водел ова истражување и рекол дека заклучокот од овие студии е дека кучињата се всушност почисти од мажите. Тој објасни дека мажите кои имаат голема брада мора да имаат исклучителна хигиена, која мора да биде секојдневна, бидејќи во спротивно во брадата ќе се формираат бактерии кои можат да бидат опасни по здравјето.

Истражувањата покажаа и дека храната е еден од главните фактори кои доведуваат до формирање на бактерии во брадата и дека брадата треба да се мие после секој оброк, исто како и забите. Микроскопски парчиња храна се заробени во влакната од брадата, а ако сте јаделе храна која е мрсна или која содржи сосови, тогаш тие исто така може да се заробат во брадата, создавајќи совршено место за развој на бактерии.

Значи, ако сакате да имате долга и бујна брада, тогаш подгответе се да ја миете неколку пати на ден, ако сакате да ја одржувате чиста и ако сакате да не бидете подвижен инкубатор на бактерии.