Мажи внимателно: Јадење многу месо има последици врз машкоста
Јадењето поголеми количини месо може да ја намали и ослабне вашата ерекција, покажа експериментот во новиот документарен филм на „Нетфликс“ наречен The Game Changers. Во исто време, растителна исхранаправи чуда за машките гениталии, велат тие.
Овој документарен филм ја испитува опсесијата на спортистот со протеини и обидите да го растера митот дека треба да јадете огромни количини месо за да бидете супер моќни.
- Кога размислувам за машки човек, имам слика во главата на некој кој е силен, издржлив, сексуално способен и плоден. Она што научните студии покажаа е дека колку повеќе месо јадат, толку побрзо ќе го загубат машкоста - вели урологот др. Шпиц.
За да се утврди влијанието на јадењето месо во однос на веганската диета врз ерекцијата, тројца студенти и спортисти носеле прстен на половиот орган две ноќи и ги снимиле деталите за нивната ерекција. Првата вечер јаделе месно бурито, а втората ноќ веганнски.
Резултатите покажале дека нивната ерекција била посилна претходната ноќ, односно откако јаделе буритос со зеленчук, пренесува Метро.
Секако, треба да се забележи дека овој експеримент не е научен. Сепак, некои истражувања покажуваат дека исхраната навистина влијае на сексуалноста. На пример, една мала студија во 2004 година открила дека мажите со еректилна дисфункција го подобриле сексуалниот живот по намалувањето на процентот на висок холестерол и триглицеридна храна што се наоѓа во месото.