Мажи, внимавајте! Службено предупредување од полцијата пристигна поради сајт кој многумина го посетуваат и стануваат жртви на измама

Фото: Profimedia

Нечуена измама на Интернет доведе до поголем број мажи незаконски да добијат неколку милиони евра со измами на други мажи за жени. Имено, тие се маскирале во жени и на тој начин ги намамиле корисниците на страници за возрасни да разговараат со нив, по што ги уценувале.

Бизарниот тренд кој преовладува во Кина, во кој мажите автентично се маскираат во жени, користејќи шминка, заводлива долна облека, лажни гради, па дури и слоеви кожа, оштети многу мажи. Имено, кога ќе ги намамат во простории за разговор на страници за возрасни, започнува подмолна игра во која ги снимаат своите жртви додека се голи.

После тоа, тие ги уценуваат со снимки, барајќи пари во замена за молчење. За обемот на оваа измама најдобро се илустрира фактот дека кинеската полиција издаде официјално предупредување во врска со овој случај.

Тие дури објавија видео на кинеската мрежа за социјални медиуми Веибо за да ги запознаат луѓето со техниките што се користат за тие самите да не станат жртви.

На видеото, полицијата демонстрира како измамниците се маскираат во „лажни жени“ - и покажува колку можат да изгледаат реално. Имено, полицајците биле фотографирани во градници и долна облека пред да ја облечат нивната протетичка кожа.

Видеото првично беше објавено во источната провинција Џијанг, по што почна да се споделува од полициските социјални сметки низ Кина. Измамниците ги регрутираат и „обработуваат“ своите жртви со недели пред да ги поканат на „интимни“ разговори.

Измамниците ги охрабруваат да преземат нешто што изгледа како апликација за видео разговор, но всушност е шпионски софтвер дизајниран да ги скенира нивните телефони и контакти преку е-пошта. Бизарната измама стана се позастапена за време на пандемијата на вирусот ковид-19. Во првите шест месеци од 2020 година, одделот за јавна безбедност Гуангдонг прими повеќе од 9000 жалби за уцени во врска со оваа измама.

Досега се идентификувани најмалку 10 одделни уценувани организирани групи и уапсени 86 криминалци, се вели во полицискиот извештај. Од друга страна, идентификувани се најмалку 2.000 жртви, од кои изнудиле над 2 милиони фунти.


Извор:srbijadanas.rs