Мажите лудуваа по неа, се појави и во спот на Тоше: Каде е денес водителката Рада Раденовиќ?
Водителката Рада Раденовиќ отсекогаш ја интригираше јавноста со својата појава и однесување, а најмногу внимание предизвика нејзината бременост и раѓање на синот Петар.
Водителката Радмила Рада Раденовиќ во 90-тите и почетокот на 2000-тите беше една од најпопуларните и најубави телевизиски лица во Србија. Некогаш беше заштитно лице на ТВ Пинк и ја водеше емисијата со забавен формат „City“.
Го доби прекарот српксата Хали Бери поради големата сличност со познатата актерка, а мажите лудуваа по неа. Остана запаметена и како една од првите јавни личности која се соблече за „Плејбој“ во 2005 година. Се појави и во спотот на Тоше Проески за песната „Во коси да ти спијам“.
До 2018 година имаше и авторска емисија „Рада сам“, по која имаше уште еден ангажман со краток рок на траење.
Ја водеше првата сезона на реалното шоу „Задруга“, но по само неколку месеци, водителката потполно се повлече од јавноста.
Својот приватен живот отсекогаш го криеше далеку од медиумите, и за мажите со кои била се знае многу малку.
Се шпекулираше дека во 2010 година била во романса со оженетиот црногорски бизнисмен Дејан Милиќ, кој има две деца.
„Дејо и јас сме заедно 10 години, и тоа со Рада се случи додека бевме во врска. Тогаш го оставив, некое време не бев со него. Тој направи грешка и не ми беше лесно да се носам со тоа, но му простив. Знам дека ме сака и тоа е најважно“ - раскажа тогаш девојката на Дејан Милиќ.
Рада со бизнисменот го доби синот Петар.
Потоа, за „Hello“ зборуваше за тоа колку тешко ѝ е тешко сама да го расте детето.
„Мојот најголем родителски страв е детето да не ми излезе од контрола. Јас сум родител со кој тој живее, но Петар има и татко кој му е максимална поддршка“ - кажа Рада и призна дека никогаш не живеела со таткото на својот син и дека повеќе не се заедно, но детето се родило од најголема љубов.
„Тешко е да се биде единствен присутен родители во моментот кога си единствен одговорен. Од друга страна, олеснителна околност е тоа што во нашиот дом не постојат добар и лош полицаец, што е честа ситуација во функционалните семејства. Израсна свесен за ситуацијата во која живее, на нас тоа ни е нормално“.
Дејан се смири со сопругата и понатаму за тоа ништо не се пишуваше.
Нејзините големи гради многумина ги коментираа, а имаше и шпекулации дека вградила силикони, по што во една прилика проговори и за тоа.
„Ги поддржувам за корективни цели, а помалку за украсни цели. Ова се времиња кога се купува сѐ и кога индустријата за пластична хирургија цвета. Ова е ера на императивна физичка совршеност кон која тежнеат сите и до која се доаѓа лесно, за неколку илјади евра секој може да биде ваков или таков“ - кажа Рада во емисијата на Огњен Амиџиќ.
Призна и дека за сега не размислува да направи некоја естетска интервенција.
Рада денес има 43 години и живее далеку од светлата на рефлекторите. Меѓутоа, на Инстаграм профилот на поранешната водителка може да се види дека и во петтата деценија изгледа прекрасно.
Судејќи по фотографиите, Рада сака своето слободно време да го поминува во друштво на својот син и домашните миленици, а со што се занимава сега изгледа дека ќе остане мистерија.
фото: Принтскрин / Јутјуб