Забава // Занимливости
Медицинска сестра во солзи по напуштањето на продавницата: „Престанете, ве молам“
ПРЕМОРЕНА медицинска сестра, Dawn Bilbrough , која работеше смена од 48 часа без престан во брзата помош, отиде во продавницата да купи основни намирници. Она што го најде таму ја натера да плаче.
"Само што го напуштив супермаркетот, нема овошје или зеленчук. Плачев малку таму. Јас сум медицинска сестра во брза помош и самошто одработев 48 часа. Сакав да купам нешто за следните 48 часа. Без овошје, зеленчук, не знам како че може да останете здрави. А овие луѓе ги чистат полиците со основни намирници. Мора да престанете, поради луѓето како мене кои се грижат за вас кога најмногу ви требаат. ПРЕСТАНЕТЕ, те молам “, рече низ солзи медицинска сестра од Западен Јоркшир.
Британските супермаркети веќе презедоа некои мерки за да спречат френетично празнење на полиците. Трговкиот ланец „Саинсбери“ објави дека клиентите ќе можат да купат до три исти производи за храна и две тоалетни хартија, сапун и трајно млеко. Tesco сè уште не воведе ограничувања, но го смени работното време за да им овозможи на трговците на мало да полнат полици.