„Меган и Хари спијат на кревет на расклопување кај пријател, едвај плаќаат дадилка“
Откако решија да се повлечат од кралските должности и да водат независен живот, Меган Маркл и Хари најпрво својата среќа ја побараа во луксузна вила во Канада, но поради затворање на границите, поранешната кралска двојка се пресели во Лос Анџелес.
Со оглед на тоа што целиот свет е во тешка состојба, Меган и Хари, наводно, во моментов не можат да најдат работа, а таблоидот „Живот и Стил“ исто така вели дека двајцата наскоро би можеле да бидат сиромашни.
„Тие сè уште
немаат сопствен стан“, изјави извор близок до парот за магазинот, откривајќи
како се справија со кризата.
"Спијат на кревет на расклопување кај еден пријател. Неговото Височество Хари е практично бездомник", објаснува извор со истото име, додавајќи дека целата ситуација е уште полоша затоа што имаат 11-месечен син Арчи, за кој едвај можат да си дозволат дадилка.
За да се дигнат на нозе што е можно поскоро, Меган дава се од себе за да се врати на актерството, а за тоа многу и помага и нејзиниот 35-годишен сопруг, кој беше „фатен“ пред еден месец убедувајќи лидер на Дизни да ја ангажира Меган да го позајми гласот на еден од нивните анимирани филмови.
Сепак, за Хари се знае дека има фонд оставен од неговата мајка, принцезата Дајана и други бенефити кои ги уживаше како принц, но и тоа дека откако нема кралска титула, „изворот“ на финасии е драстично намален.Инаку, за овој пар е интересно тоа што медиумите дури и кога шпекулираат, шпекулациите секогаш се обвистинуваат. Дали не сакаат да го сокријат нивниот приватен живот од јавноста, не можат или сето тоа им оди во прилог, не се знае...