Мелбурн повторно во карантин, Австралија се бори со вториот бран на коронавирусот
Вториот по големина град на АВСТРАЛИЈА- Мелбурн влезе во шестнеделниот карантин и повеќето продавници и канцеларии се затворија, предизвикувајќи стравувања од можен недостиг на храна, бидејќи властите се борат против вториот бран на пандемијата на коронавирус.
Продавниците се затворени, а улиците се напуштени во овој град со пет милиони, главниот град на австралиската држава Викторија. Во последните 24 часа евидентирани 322 случаи на инфекција со коронавирус и 19 смртни случаи поврзани со инфекцијата.
Австралија сега бележи вкупно околу 20,000 случаи и 255 смртни случаи, што е сè уште многу помалку отколку во многу други развиени земји.
Но, порастот на инфекцијата во државата Викторија се заканува дека ќе се прелее во остатокот од земјата. Нов Јужен Велс во завчера забележа 12 нови случаи на ковид-19, вкупно 483.
„Ние веќе еднаш ја исправивме таа крива, повторно ќе ја исправиме“, изјави министерот за здравство Грег Хант пред новинарите.
Се очекува понатамошен пад на стапката на невработеност
Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, ги повика жителите на Мелбурн, кои со недели живеат со поблаги карантински мерки, да останат мирни и покрај зголемената побарувачка за набавки на супермаркетите.
„Нема потреба луѓето да трупаат храна за да имаат месеци“, им рече Ендрус на новинарите во Мелбурн.
Кланиците се едни од ретките компании што им е дозволено да останат отворени во Мелбурн, иако има намалена работна сила.
„Се обидовме да постигнеме рамнотежа помеѓу намалувањето на количината на движење, со што ќе се намали бројот на случаи, но без да се загрозат потребите на граѓани на полиците во супермаркетите“, додаде Ендрус.
Националната стапка на невработеност ќе се искачи на околу 10 проценти благодарение на обновените рестриктивни мерки во државата Викторија, рече австралискиот премиер Скот Морисон.
„Овие мерки ќе имаат многу значајно негативно влијание врз нашиот пат за закрепнување“, рече премиерот.
По затворањето на меѓународните граници, воведувањето на карантин во градовите и започнувањето на кампањата за тестирање, Австралија во јуни повторно се отвори со дневен раст на инфекцијата, но тогаш броевите беа едноцифрени.