Мештаните сакале да оженат брат и сестра: „Ѓаволски град“ - светско чудо лоцирано во Србија, крие големи тајни

Топличкиот крај во Србија е познат по чудата на природата, легендите и бројните извори на лековита вода. Тоа е лулка на металургијата. И, токму таму, на падините на планината Радан, лежи една мала област, уникатен споменик на природата и светско чудо „Ѓаволски град“.

Овој природен споменик се состои од два, ретки во светот, природни феномени: фигури од земја, како специфични форми кои изгледаат многу привлечно во просторот, и два извори на многу кисела вода со висока минерализација.

Се состои од 202 камени фигури (налик на нашето Куклици) создадени со долгорочно и трпеливо работење на природата. Сместени се во две клисури (клисура на ѓаволот и клисура на пеколот),  украсен со два екстремно кисели извори - во светот има само пет такви извори, а овие се едни од најкиселите.

Погледнете во видеото и ќе ја слушнете легендата и фасцинантната приказна:


извор:alo