„Ми треба добра жена...“: 66-годишен маж бара љубов преку билборд - очекува армија од жени!

Добро се сетил

Џим Бејс (66) од Тексас решил на необичен начин да се обиде да ја пронајде љубовта на својот живот. Наместо да отвори профил на Tinder и слични апликации, Џим смислил друго решение - огласот го објавил на џамбо билборд.

Билбордот беше објавен во ноември и прикажува фотографија од Бејс, облечен во карирана кошула и каубојска капа.

„Се бара: добра жена, 50-55 години, за разговори, прошетки и меѓусебна нежности“, пишува покрај фотографијата.

Двапати разведен со пет деца, Бејс за порталот „Аустонија“ изјави дека ги испробал апликациите за запознавање, но дека тие не ја прикажуваат точно личноста на другата страна и дека е тешко да се договорат состаноци со потенцијалните партнери.


„Мило ми е што го објавив огласот на билбордот. Размислувам за мојата фотографија таму, знам дека ќе добијам цела серија телефонски повици“, рече тој.

Досега Бејс отишол на четири-пет состаноци благодарение на билбордот, но сепак ја бара жената од соништата.


Фото: Youtube-screenshoot