Милениумски скандал: Ги фатила вереникот и сестра ѝ голи во базен (ВИДЕО)

Жената реагирала хистерично, и не можела да ги задржи емоциите кога ја фатила сопствената сестра која била во тајна врска со нејзиниот вереник.

На каналот „Mexico Badabun“ објавено е видеото „Capturing an Adulterer“ кое забележа огромен број прегледи.

Жена која се сомневала дека нејзиниот сопруг е неверен ангажирала тим кој открива љубовници, а за тоа време раскажала како, откако починал нејзиниот сопруг, започнала врска со нов партнер со кој наскоро требало да се омажи, пренесува Kalle Blue Radio.

-Веќе некое време на нашата адреса пристигнуваат пакети со шминка и облека, но тоа не е за мене. Големината не е моја, а ако му се пожалев ќе се налутеше бидејќи се сомневам во него – вели Мексиканката која откри неверојатна измама.

Кога жената отишла на повикот на тимот за да ги дознае резултатите од истрагата, била шокирана бидејќи ги видела сопругот и нејзината сестра во базенот на ранчот во Мексико.

Жената реагирала хистерично, и не можела да ги задржи емоциите кога ја нашла својата сестра која била во тајна врска со нејзиниот вереник.

Партнерот се обидел да разговара со неа, но безуспешно.

Фото и Видео: Фејсбук