Милиони луѓе шокирани од видеото за дремка од 8 минути: Ќе се преродите со трикот што го користат маринците
Kога сте уморни и немате многу време за одмор, дремката од осум минути во оваа поза ќе ве препороди!
Колку пати сте биле уморни, но не сте имале време да легнете и да се одморите? Следниот пат кога ќе се најдете во таква ситуација, испробајте го овој трик кој момчето по име Ник Витело го сподели на ТикТок и кој ви гарантира „најдобра дремка во животот“.
„Еве што да правите кога сте многу уморни и имате само осум минути. Легнете на подот и ставете ги нозете на креветот вака, или на што било друго високо“, вели Ник во видеото, покажувајќи дека ги свитка нозете во агол од 90 степени..
„Поставете го алармот за осум минути и уживајте во најдобрата дремка досега“, вели ова момче во видеото, додавајќи дека тоа е трик на американските маринци и дека е докажано дека делува.
Откако видеото беше објавено на 28 април, видено е речиси 30 милиони пати, а многумина во коментарите велат дека осум минути одмор не им се доволни.
„Мојот преактивен мозок би помислил дека имам само осум минути, дали ова навистина функционира, како функционира ова и слично“, коментира еден корисник на ТикТок, додека други додаваат дека им требаат само повеќе од осум минути за да заспијат.
„Не можев да спијам цела година и повторно ќе ми требаше повеќе од еден час да заспијам, но ќе го пробам ова“, е еден од коментарите.
Фото и Видео: ТикТок