Како што има разни настани во кои се слави храната кај нас како „Питијада“, „Ѓомлезијада“, „Празијада“... така постојат или постоеја и различни избори за Мис. Мис на Скопје, Мавровска убавица, Екранова убавица, Мисови по градовите, Мис Фејсбук, Мис на Македонија, Мис летна убавица, есенска, зимска...
Но можеби најоригинално име имаше токму овој настан „Мис бавча“. Се пријавуваа убави девојки од сите делови на Македонија и тоа со реномирани спонзори и настан за паметење. Убавиците дефилираа пред многубројна публика, а имаше и убави награди.
Сега и да нема вакви или слични настани, посебно главниот и најреномираниот „Мис на Македонија за мис на Светот“. Со години не праќаме наша учесничка на светскиот избор поради финансиски проблеми.
Фото. Фб