Мислеа дека е изумрено: Снимено животно кој никој не го видел 40 години (ВИДЕО)
Животното, за кое се веруваше дека е изумрено, е снимено во национален парк на северо-истокот од кинеската провинција Џилин.
Видео со ретко беласрна е направено неодамна за време на видео надзор на паркот, а експертите подоцна потврдија дека станува збор за албино примерок од овој вид животни.
Фенг Лимин, заменик директор на Центарот за истражување на сибирски тигри и амур леопарди, рече дека срните обично се жолтеникави во боја, додека белата боја на кожата се јавува како резултат на ретко генетско нарушување, албинизам.
Белата срна е исклучително ретко животно за кое многумина сметаа дека е скоро изумрено по Втората светска војна. Последен пат беше видена во 1981 година и се смета за еден од најзагрозените животински видови на планетата.
Луѓето биле фасцинирани од ова животно со илјадници години, особено во Азија, каде што има скоро митолошко значење. Белите срни или белиот елен се исто така предмет на суеверие, па затоа се верува дека ловецот кој го убива ова животно ќе има децении тешка несреќа.
An albino Siberian roe deer was captured by a wild life cam in Manchuria. Well, they are very rare, more likely to become tiger food. pic.twitter.com/fcEWsy6b6L
— Augustus (@russomanchu) May 13, 2020