Мислел мачката го изгребала додека спиел во полу-пијана состојба: На преглед, резултати за неверување!
По седум часа двоумење што да прави, отишол на лекар
Постои голема разлика помеѓу рана од шепа од мачка и куршум. Едниот остава гребнатини на кожата, додека другиот може да биде фатален.
Неми Чанд (35) од Раџастан спиел во полупијана состојба кога заскитан куршум го погодил многу блиску до неговиот бубрег.
Живеал сам со две мачки, и затоа верувал дека тие биле поагресивни поради некоја причина да го гребат во текот на ноќта. Сепак, Неми видел дека раната не поминува. Покрај тоа, станувала се повеќе непријатна.
По седум часа двоумење што да прави, отишол на лекар. Всушност, тројцата пријатели кои биле со него во собата таа вечер кога пиел, го советувале да оди наутро и да види што не е во ред со него.
Паралелно со неговото одење на преглед, еден пријател нашол заскитан куршум во собата. Ништо не му било јасно. Од друга страна, прозорците на куќата биле отворени и имало веселба кај соседот таа вечер.
- Сигурно некој пукал со пиштол, па куршумот влегол во куќата на Неми. Имавме среќа, можеше да погоди некого од нас - рекол пријателот на Неми, што се случувало во неговата глава додека неговиот пријател бил на преглед.
И таму се утврдило дека Неми всушност бил - ранет.
- Имаше многу среќа. Куршумот ги промаши виталните органи за неколку сантиметри. Можеше да умре на лице место - рекоа лекарите од болницата во Ранивари.
Едно е сигурно. Неми Ченд никогаш повеќе нема да спие со отворени прозорци.
- Во шок сум. Можев да умрам - тоа беше се‘ што тој им рече на индиските медиуми откако хирурзите го отстраниле куршумот од неговото тело.
Фото: фреепик