Mислите дека 2020 година е ужасна: Историчар на Харвард откри која е најлошата година досега

2020 година е навистина ужасна година, па затоа е тешко да се обвини секој што мисли дека ова е најлошата година досега, но историчарот на Харвард, Мајкл МекКормик не се согласува. Во едно интервју во 2018 година, тој утврди дека најлошата година за човештвото била пред 536 години.

„Тоа беше почеток на најлошиот период за човештвото, ако не и најлошата година“, рече тој за магазинот „Сајанс“.
Мистериозна магла и 18 месеци темнина
Таа година, мистериозна магла (сега се знае дека е резултат на вулканска ерупција) ги покри Европа, Блискиот исток и делови од Азија, проследени со 18 месеци темнина.
„Сонцето беше без осветленост, блескаше слабо цела година, како Месечина“, забележал византискиот историчар од тоа време, Прокопиј.
Тоа лето, температурите се движеа меѓу 1,5 и 2,5 степени Целзиусови, започнувајќи го најстудениот период во последните 2300 години. Во Кина паѓаше снег, предизвикувајќи да не успеат земјоделските култури и луѓето да гладуваат.

Пандемија што уби половина човештво
Во следните години, ситуацијата започна да се влошува. Во 541 година, во римското пристаниште Египет се појави чума и започна брзо да се шири. Од чумата загинаа меѓу една третина и половина од населението на Источното римско царство, што, според МекКормик, го забрзало неговиот пад.
Чумата се прошири низ целиот Медитеран, Европа и Блискиот исток. Патем, ова беше првата пандемија на чума во историјата и беше наречена и чума на Јустинијан, по византискиот владетел Јустинијан, кој и самиот се зафати со неа. Некои историчари ја сметаат за една од најлошите пандемии досега, и се вели дека убила околу 100 милиони луѓе, или половина од светското население во тоа време.

Историчарите веќе подолго време шпекулираат за потеклото на маглата што се појавила во 536 година, а пред две години, научниците анализирале мраз од швајцарски глечер и откриле дека вулкан избувнал на Исланд таа година и неговиот пепел се проширил низ северната хемисфера.
Следуваа уште две ерупции во 540 и 547 година. Потоа следуваше чума што предизвика економски колапс во Европа, која траеше до 640 година.

извор:index.hr