Мистерија стара 5 децении, маж отишол во тоалет во текот на летот и повеќе не се вратил

Некои мистерии толку го воодушевуваат човештвото што се прераскажуваат и испитуваат повторно и повторно неколку децении откако се случиле. Ова е една од оние мистерии за патник во авион кој засекогаш исчезнал среде авионски лет. Мистерија која сè уште не е решена иако сето тоа се случило во далечната 1968 година.

Џеролд отиде во тоалет и повеќе не се врати

Меѓу дваесет и тројцата патници бил Џеролд Потер, витален 53-годишник кој неодамна го унапредиле во компанија за продажба на осигурување, и неговата сопруга Кери, една година помладата.

Во еден момент Потер се упатил кон тоалетот, кој се наоѓал во задниот дел на авионот. „Ќе се вратам за момент“, само и рекол на сопругата, по што двајцата повеќе не се виделе.

Неколку моменти по неговото заминување, авионот благо се затресол. Под претпоставка дека станува збор за турбуленции, никој не обратил премногу внимание на настанот.

Отворена вратата од задниот дел на авионот?

Кога Џеролд не се вратил по дваесет минути, неговата сопруга почнала да се грижи.

- Можете ли да погледнете зошто се задржа мојот сопруг? Одамна го нема - се обратила за помош кај стјуардесата.

Откако го слушнала барањето на патникот, стјуардесата се упатила кон опашката на авионот. Речиси во исто време, во пилотската кабина се запалило светло што покажува дека задната врата на авионот е отворена.

Пилотот му наложил на копилотот да види што се случува без да ги вознемирува патниците. Кога копилотот стигнал до тоалетот, забележал паника на лицето на стјуардесата.

- Имаме проблем! Се чини дека еден патник е исчезнат - изјавила таа, по што настанала паника меѓу вработените во летот.

Ниту испаднал, ниту скокнал од авион?

При проверка на задниот дел од авионот, копилотот констатирал дека едната врата била малку подотворена, а бидејќи не била под голем притисок, не е причинета никаква штета. Ланец кој служел како дополнително обезбедување на вратата бил на подот во близина.

Откако го слушнал извештајот на копилотот, пилотот заклучил дека г-дин Потер најверојатно се сопнал кога се случиле турбуленциите, силно удрил во вратата и паднал“ од авионот. Но, подоцна било утврдено дека рачката на вратата требало да биде свртена за 180 степени за да се отвори, што не било тоа во случајов.

Понатаму, никој не слушнал тресење или врескање, што би било очекувано доколку се случеше такво сценарио. За да се додаде уште мистеријата, во следните недели беше спроведена опсежна потрага по г-дин Потер во областа на неговото исчезнување, но телото никогаш не беше пронајдено.

Од друга страна, Кери ја отфрли приказната за самоубиството на нејзиниот сопруг како глупост.

„Тој беше среќен и стабилен човек. Патуваше на состанок на клуб во кој беше истакнат член, на кој многу се радуваше. Ова едноставно нема смисла!“, категорично тврдеше таа.

Извор: intereststidana.com