Тестаментот на Тито бил украден: Протече тајната преписка на Јованка Броз во која кажува кој го украл
„Слушнав дека напишал тестамент и му го предал на генералот Коста Надја, а во него пишувало дека јас ќе се грижам за се‘ што ќе остане по него“
Тајните писма на Јованка Броз, вдовицата на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, кој почина на 4 мај 1980 година, кои се чуваат во најголема тајност, откриваат што преживеела поранешната прва дама од моментот кога ѝ било кажано декаТито умира се додека не ја избркале од резиденцијата.
Интимни белешки
Новинарката на хрватскиот Глобус, истражувајќи ја комплицираната судбина на големото материјално наследство на Јосип Броз Тито, кое во 1984 година беше прогласено за државна тајна, па така не се знае колку вреди или на кого законски му припаѓа, добила увид во интимните белешки на неговата вдовица Јованка три години по смртта на југословенскиот претседател.
Дотогаш, чувани во најголема тајност, откриваат што доживеала поранешната прва дама од моментот кога ѝ кажале дека Тито умира до часот кога брутално била избркана од резиденцијата, како и што се случило со бројните вредни предмети на претседателската двојка.
Осум примероци
„Слушнав од еден воен пријател дека Тито напишал тестамент и го помножил во осум примероци. Го предал на другарот Коста Надја (Армиски генерал) кога бил во Игало на конференција на СУБНОР. Тито во тој документ, меѓу другото, определил дека јас лично ќе се грижам за сите работи што ќе останат по него, бидејќи најдобро ќе знам, ќе можам и ќе сакам да го сторам тоа.
Слушнав и дека после тоа дошол Стане Доланц (началник на југословенската тајна полиција и член на Претседателството на СФРЈ) и му се заканил да не излезе случајно со тој документ бидејќи ќе биде лошо“.
Вака Јованка Броз во јуни 1983 година му пишува на доверливо лице чиј идентитет новинарите го криеле, за нејзина безбедност. Јованка потоа се помолила за помош за да се стави на дневен ред прашањето за нејзиното постоење и наследство по три години агонија. Не само што проблемот со наследството на Броз не се помести од мртва точка, туку и стравот на наследниците на Тито дека тој нема да доживее сатисфакција беше целосно оправдан, бидејќи најголемиот дел од вредниот имот беше украден и неповратно изгубен.
Тито не беше нималку наивен
Јосип Броз Тито оставил своевиден политички тестамент во сефот што требало да го отвори неговата сопруга Јованка, но по неговата смрт во 1980 година била исфрлена од куќата, а сефот го отворил шефот на југословенската тајна полиција Стане Доланц и генералот Никола Љубичиќ, а писмото мистериозно исчезна.
Тестаментот на Тито никогаш не беше пронајден. Тој како претседател на СФРЈ во своите говори потенцираше дека се‘ што има ќе остави на државата.
- Ако Тито, кога му ја ампутираа ногата, речеше – се‘ мое ќе остане на државата, тоа ќе вредеше. Она што го кажа маршалот додека беше во полна сила не се смета за тестамент 15 години подоцна. И денес има живи луѓе кои можеа да посведочат дека Тито рекол дека сликите се негови, не бил нималку наивен - изјави Тома Фила, поранешен адвокат на Јованка Броз.
Само три месеци по смртта на Тито, луѓе од тајната служба упаднале во нејзиниот стан на Ужичка 15 во Белград, го пребарале, и го конфискувале имотот на Јованка ѝ ја принудиле да се пресели на булевар мира бр:75, каде ѝ е одреден домашен притвор. Дека овој збор може да ја објасни положбата во која се нашла жената, која само неколку години порано била од највисоко можно влијание, говори и фактот што личната карта и пасошот ги добила дури во 2009 година.
Но, само четири години подоцна, ниту таа, ниту некој од семејството Броз беше присутен кога беше отворен сефот со наследството на Тито, складиран во Народната банка на Србија. Јованка Броз почина на 20 октомври 2013 година на 89-годишна возраст.
Фото: Youtube - Al Jazeera Balkans