Забава // Занимливости
Мистериозен подземен премин украсен со милиони школки: Погледнете во Шел Грото
- 15 Декември, 2022

Во округот Кент, во селото Маргат, постои една од најмистериозните пештери во Велика Британија и во светот.
Иако има некои несогласувања, Шел Грото (Пештера одшколки) е најверојатно откриена во 1835 година, но нејзината цел никогаш не била утврдена.
Пештерата се состои од подземен премин висок 2,4 метри и долг 21 метар, кој завршува во правоаголна просторија (олтарска комора).
Речиси сите површини се покриени со мозаици изработени исклучиво од школки со локално потекло. Вкупната површина на мозаикот е 190 квадратни метри, украсен со скоро 4,6 милиони школки.