Забава // Занимливости
Мистериозен подземен премин украсен со милиони школки: Погледнете во Шел Грото, една од најголемите мистерии во Англија
Во округот Кент, во селото Маргат, постои една од најмистериозните пештери во Велика Британија и во светот.
Иако има некои несогласувања, Шел Грото (Пештера одшколки) е најверојатно откриена во 1835 година, но нејзината цел никогаш не била утврдена.
Некои тврдат дека местото имало религиозно значење и било изградено пред повеќе од 3000 години, додека други сметаат дека станува збор за некаква обредна комора или ложа за витешкиот ред Темплари.Пештерата се состои од подземен премин висок 2,4 метри и долг 21 метар, кој завршува во правоаголна просторија (олтарска комора).
Речиси сите површини се покриени со мозаици изработени исклучиво од школки со локално потекло. Вкупната површина на мозаикот е 190 квадратни метри, украсен со скоро 4,6 милиони школки.