Мистично животно кое не беше видено 100 години: Британец сними редок ѕeвер во Африка!
Вил Бурард Лукас ја имал таа среќа со камера да „улови“ едно од мистичните суштества во пустината на африканската држава Кенија.
Имено, станува збор за црн леопард или познат и како црн пантер. Животното кое го фотографирал одеше во стадо со други леопарди со вообичаена боја на крзно.
Црниот леопард има боја на крзно благодарение на процесот спротивен на албинизмот - меланизмот. Така, крзното на леопардот станува темно и со тоа се разликува како редок и посебен вид. Ова е прв пат во последните 100 години некој да успее да сними црн леопард со камера.
Повеќе фотографии и видео, погледнете тука:
Со овие фотографија Вил Бурард Лукас го оствари својот сон од детството.
Црниот леопард може да се најде во југозападна Кина, Мјанмар, Непал, јужна Индија, Јава и јужниот дел на Малајскиот полуостров, како и во Африка, јужно од Етиопија. Црниот леопард е помал по големина од вообичаениот, и од одредени агли можете да ја видите шарата карактеристична за леопард на неговото црно крзно.
извор: beograd.in