Мит или вистина? Еве што стои зад приказната за пушењето пура на Тито во Белата куќа
Животот на Јосип Броз- Тито охрабри многу митови и приказни, но некои од нив се токму тоа - обични приказни. Повторно започна да се споменува приказната за пушењето кубански пури во Белата куќа со Ричард Никсон.
Анегдота која со години се шири низ социјалните медиуми, вели дека за време на посетата на Тито во Белата куќа во 1971 година, таму било строго забрането пушење, но дека Тито сепак запалил кубанска пура и тоа токму т кја му ја подарил лично Фидел Кастро.
„Господине Претседател, ние во Белата куќа не пушиме“, му вели во приказната запрепастениот Ричард Никсон. „Базеси ви“, му рече Тито, кој си продолжил да пуши, а Никсон веќе не ја спомнал забраната.
Но, оваа приказна е доста фабрикувана.
Поточно, во тоа време немало строга забрана за пушење во Белата куќа. Патем, до средината на 1970-тите, обичај беше Претседателот да понуди цигара на своите гости во Зелената соба на Белата куќа. Особено страствен пушач беше Џон Ф. Кенеди.
Пушењето во
Белата куќа стана табу само за време на мандатот на Бил Клинтон. Хилари
Клинтон, наводно, била таа која одлучила дека повеќе нема да нуди пепелници на
гостите за време на официјалните вечери. Бил Клинтон, наводно, не се
спротивставил на одлуката на тогашната прва дама, иако тој самиот понекогаш
знаел да запали и испуши цигара.