Многу луѓе не ја знаат вистинската причина: Зошто не треба да се насмеете на вашата фотографија од пасош и лична карта?

Кога правиме приватни фотографии, обично се смешкаме за да изгледаме поубаво. Но, дали знаете зошто насмевката е забранета на фотографиите од пасошот?

Ако се насмеете макар и малку, ќе бидете предупредени затоа што не смеете да правите гимаси. Зошто е тоа така?

Имено, чипот во вашиот пасош содржи биометриски податоци за вас, кои се добиени од вашата фотографија. Оваа фотографија се скенира, се пресметува растојанието помеѓу очите, врвот на носот и брадата, за да се добие математичка „мапа“ или алгоритам на лицето.

Сè што може да го наруши или спречи пресметувањето на овие мерки – како носење очила или широка насмевка – ја намалува ефикасноста на алгоритмот.

Кога поминувате низ е-порта на аеродромите, камерата го скенира вашето лице и ги пресметува мерките на лицето. Компјутерот потоа проверува дали мерењата на вашето лице се совпаѓаат со оние на фотографијата од пасошот.

Ако мерењата на лицето на скенерот на аеродромот и во пасошот не се совпаѓаат, тогаш сте во голема неволја.


Фото: freepik