Дури 61,2 отсто од Македонците не можат ниту еднаш годишно да отидат на седумдневен одмор.
Ова го потврдуваат податоците на Евростат, кои пак од друга страна покажуваат подобар резултат кога ќе се споредат податоците во однос на 2010 година кога тој процент бил 74,2 отсто.
Ако се погледнат податоците пак во земјите во ЕУ постари од 16 години, една недела одмор не можат да си дозволат 28,3 отсто од граѓаните.
Годишен одмор од седум дена не можат да си дозволат ниту 51,3 отсто од Хрватите, 51 од Грците, 56,9 отсто од Србите и 60,8 отсто од Турците.
9,7 отсто од граѓаните на Шведска и 10,9 отсто не може исто така да си дозволат годишен одмор.