Многу ми е тешко. По разводот живеам сам во вила со 18 бањи: Бил Гејтс е во депресија

Бил Гејтс проговори за приватните детали од бракот и разводот со поранешната сопруга Мелинда.

„Секој брак, како што децата заминуваат од дома, минува низ транзиција. Мојот за жал помина низ оваа транзиција наречена развод. Но, од моја гледна точка, тоа беше одличен брак. Јас не би го променил. Не би се оженил повторно со некоја друга“, рече Гејтс во интервју за Сандеј Тајмс. Тврди дека најтешко му било кога децата заминале од дома. И најмладата ќерка отиде на факултет и сега нивната вила со 18 бањи во Сиетл е празна.

„Ја имам оваа прекрасна куќа која е погодна за големо семејство. Но најчесто ми изгледа преголема. Јас сум само мала личност", истакна Гејтс.

„Ми недостигаат нередот и вревата. Не се занимавам премногу со домашни работи, но секогаш сум ги миел садовите порано бидејќи бев добар во тоа, а едно од децата би ми помогнало", додал тој. Тој раскажа и каков однос имал со Мелинда по разводот. Бил вели дека е среќен што сè уште може да работи со неа и што понекогаш се гледаат.

„Имаме супер важна, сложена, блиска врска во која решивме да работиме заедно. И многу сум среќен што почнавме да работиме заедно. И имаме три неверојатни деца“, рече тој.

„Тагувам на ист начин како и таа. Да. Знаете, ние растевме заедно. Кога се оженив, Мајкрософт беше голема работа. Но, јас бев млад 38-годишник, а таа беше зрела 28- годишна жена ... Тоа е повеќе од половина од мојот возрасен живот. Направивме многу заедно“, додаде тој.

Бил признава дека лесно се договорил со Мелинда за распределба на имотот и парите.

„Таа го доби кучето. Ме уби со тоа. Се шегувам. Светот треба да знае колку бев малтретиран. Не, се шегувам. Не бевме лоши еден кон друг", рекол тој.

Да потсетиме, Бил и Мелинда Гејтс објавија дека се разведуваат на почетокот на мај минатата година. Во брак беа 27 години. Тие се запознале во доцните 1980-ти, кога Мелинда се приклучила на Мајкрософт, а се венчале во 1994 година.


Фото: Профимедиа