Моите ќерки знаат дека се посвоени: Сергеј Ќетковиќ откри како им соопштиле
Една вечер седевме во автомобилот и сфативме дека доставивме документација за посвојување...
Пејачот Сергеј Ќетковиќ и неговата сопруга Кристина важат за еден од најхармоничните парови, иако ја чуваат својата приватност далеку од очите на јавноста.
Двојката пред неколку години ги посвои ќерките - Лола и Мила, а деновиве Сергеј зборуваше отворено на таа тема.
- Луѓето малку се срамат да зборуваат за посвојување, а не треба. Што значи воопшто да се биде родител? Не е само дека сте родиле дете, туку да бидете негова безбедност, поддршка, водич. Да се биде некој што е секогаш со него. Ние не разговаравме (со сопругата) за тоа - дали и како ќе ги посвоиме децата, едноставно дозволивме тоа да се случи. Една вечер седевме во автомобилот и сфативме дека ја доставивме документацијата за посвојување, истото важеше и за другата ќерка. Ако сакате да бидете родител, не бирајте средства - посвојувајте деца, израдувајте ги, а со тоа и вие самите. Без никакви компромиси направете добро дело. Јас секогаш им велам на моите деца - јас вас ве родив од срце - отворено рече поп-пејачот и продолжи: