Мојата сопруга е мојот најдобар пријател, но друга жена е сѐ што сакав: На крајот пресеков

Четири години сум во брак со жена која ми е и најдобра пријателка. Моментално имаме едно дете, а второто е на пат и наскоро треба да пристигне на овој свет.

Се оженив со мојата сопруга затоа што беше една од моите најдобри пријатели и знаев дека ќе биде добра сопруга и добра мајка за нашите деца. Имаше страст меѓу нас, но не до тој степен што ја чувствував во другите врски во кои бев пред неа.

Имаме многу убав брак и добро функционира, но во последните неколку месеци почнав да флертувам со колешка од работа која е малку постара од мене. Помеѓу нас секогаш имаше посебна хемија и јас влегов во афера со неа. Многу добро се согласувам со неа и секогаш наоѓаме начин да се сретнеме после работа.

Не можам да ја опишам страста и хемијата што ги чувствувам кога сум со неа. Мојата љубовница е многу привлечна и изгледа многу убаво, таа е совршена жена. Таа сака да експериментира и прави се‘ што сакам од една жена. Но, во мене се разбуди чувството на вина, кое постојано ме спушта на земја.

Ова е прв пат да ја изневерам сопругата и моите чувства се малку измешани. Бев во искушение да ја оставам сопругата и да се предадам на страстите кои ги чувствувам кога сум со љубовницата, но сепак имам дете кое неизмерно го сакам и не би сакал да го оставам.

Сфатив дека морам да донесам одлука и решение кое е најдобро за сите нас. Колку и да сакам да поминувам време со љубовницата, решив дека треба да ставам крај. Имам совршен семеен живот со сопругата и не сакам да му вртам грб на тоа.

Впрочем, таа е жената што ми роди едно дете, а друго носи во стомакот. Колку и да чувствувам страст за љубовницата, не сакам да ја напуштам сопругата и да го уништам совршеното семејство што го имаме.


Фото: unsplash