Мојот брат Адолф отсекогаш бил лидер: Цел свет беше во ШОК кога сестрата на Хитлер изнесе шокантни детали од приватниот живот

фото:wikipedia

По завршувањето на Втората светска војна, многумина се претставија како братучеди на Адолф Хитлер...

Адолф Хитлер е роден на 20-ти април во Браунау ам Ин, во 1889 година. Тој беше германски политичар, диктатор и водач на Нацистичката партија кој стана германски канцелар (премиер) во 1933 година.

По завршувањето на Втората светска војна, многумина се претставија како братучеди на Адолф Хитлер. Сепак, има само една вистина, оваа жена била негова единствена, вистинска и најблиска роднина.Во 1959 година таа за прв и единствен пат проговорила за медиумите и во таа прилика открила како е да растеш покрај Хитлер.

Пола Хитлер е најмалото дете на Алоз Хитлер и неговата трета сопруга Клара.Од вкупно шест деца преживеале само Паула и Адолф, што покажува дека таа била најблиската роднина на германскиот диктатор.

фото:profimedia

Врската брат-сестра била „комплицирана“

Како момче, Хитлер често бил тепан од неговиот татко. За возврат, кога станал тинејџер, Хитлер ја претепал својата сестра. Едно од најраните сеќавања за него, како што многу подоцна кажа Пола, било кога ја удрил во лице како осумгодишно девојче.

Во семејството Хитлер, тепањето деца се сметало за добра практика. Дури и мајката на Клара верувала дека тепањето на Пола од време на време од страна на Адолф е „добро за нејзиното образование“, пишува порталот Listverse.

Пола ја поминала младоста во Виена, каде најпрвин работела како собарка, а потоа како секретарка. Сето тоа време немала никаков контакт со нејзиниот брат, иако и тој останал во градот обидувајќи се да успее како сликар.

Братот и сестрата повторно се сретнаа во 30-тите. Пола банкротирала, а Адолф потоа и пратил пари за да се ослободи од долговите. Финансиската помош продолжила до самоубиството на Хитлер во 1945 година.

Пола поголемиот дел од војната го поминала како секретарка во воена болница под лажното презиме Волк, кое го презела на инсистирање на нејзиниот брат. Историчарите тврдат дека нацистичкиот диктатор имал многу ниско мислење за неа.

Последниот „вистински“ Хитлер

По 1945 година, Пола била уапсена од Американците. Била испрашувана, а потоа ослободена бидејќи никогаш не била политички активна, ниту член на нацистичката партија. Таа тврдеше дека го видела својот брат само два пати за време на војната, но дека не може да поверува дека тој е одговорен за злосторствата што му се припишуваат.

Меѓутоа, последователните истражувања покажаа дека Пола не била толку наивна како што се претставувала. Руските истражители открија дека таа била свршена со нацистичкиот лекар Ервин Јекелиус, кој е одговорен за смртта на повеќе од 4.000 луѓе во гасните комори. 

Ервин бил уапсен и умрел во заробеништво, но Паула останала на слобода, се преселувала од еден град во друг и живеела со помош на преживеаните членови на СС и тесниот круг на комесари на Хитлер.

Непосредно пред нејзината смрт, Пола даде телевизиско интервју и тоа беше единственото нејзино појавување во јавноста. Емисијата се емитуваше во 1959 година како дел од програмата „Тиранија: Годините на Адолф Хитлер“, а Пола најмногу зборуваше за неа и за детството на нејзиниот брат, одбивајќи да одговара на прашања поврзани со политиката.

Иако зборуваше и за тепање, сеќавањата на нејзиниот брат беа чудна мешавина од незадоволство и восхит.

- Кога игравме како деца, мојот брат Адолф секогаш беше лидер. Сите други го слушаа. Претпоставувам дека инстинктивно знаеле дека неговата волја е посилна од нивната – изјавила Пола.

Таа почина во 1960 година како последен член на најтесното семејство на Хитлер. Таа не се омажи и немаше деца.

извор:najzena