Мојот е поголем од твојот: Моментот кога Шварценегер го предизвика Сталоне
Актерот Арнолд Шварценегер неодамна имаше операција на срцето и веднаш им откри на фановите дека е добар и дека веќе шета низ улиците на Кливленд.
Еден од фановите му пиша на Инстаграм дали се сеќава кога го предизвика актерот Силвестер Сталоне и со тоа му приреди изненадување... Пред неколку години овие двајца другари имаа интересна случка- беа заедно на операција и заедно еден до друг во болнички кревет.
А, шегата со која го запали интернетот се базира на приказната дека Сталоне го потпиша легендарниот нож од Рамбо филмовите и го донираше во добротворни цели за да се соберат средствата кои се потребни. Меѓутоа, Шварценегер го донесе својот нож кој го користеше во Предатор и оваа порака му ја посвети на Сталони:
„Го видов оној нож кој го потпиша и донираше во хуманитарни цели, навистина е неверојатен, но тоа не е нож, ова е нож. Него го користевме во Предатор и мора да признаеш дека е малку поголем од твојот“ - порача Шварценегер кој низ насмевка се шегуваше со својот колега на кој му се придружи во донацијата.