Мојот сопруг е најпознатиот актер од ФИЛМОВИ ЗА ВОЗРАСНИ: Луѓето мислат дека имаме ОРГИИ СЕКОЈ ДЕН, но еве како е во кревет
Роко Сифреди важи за најпознатата ѕвезда на филмови за возрасни во светот, но неговата сопруга призна дека нивниот интимен живот не е она што луѓето го мислат. Роза Таси ја откри својата страна на приказната по објавувањето на ТВ серијата „Суперсекс“ на Нетфликс.
„Суперсекс“ е италијанска биографска драма- телевизиска серија базирана на животот на Роко Сифреди, познат италијански актер од филмови за возрасни. Сега неговата сопруга тврди дека парот всушност има „досаден брак“ без порнографија или интимност како што е прикажано во филмовите.
Роза, која со актерот е во брак 30 години, вели дека на почетокот не и било лесно, особено кога живееле во Италија. Подоцна се преселиле во Будимпешта.
- Се сеќавам дека еден ден во Рим отидов во банка и ме погледна попреку шалтерката. Сигурно мислела: „Оваа е со Сифреди, веројатно тогаш се согласува на се“.
-Отидов дома вознемирена, збесна и Роко. Испадна дека имаме забави и оргии дома, но работата е работа, а приватниот живот е друго. Секогаш имавме нормален, речиси досаден живот – изјави таа.
Таа продолжи да објаснува дека центарот на нивните животи отсекогаш биле Лоренцо и Леонардо - нивните деца. Но, призна дека е тешко да им јго објасни на синовите бизнисот на нивниот татко.
- И јас и Роко секогаш им објаснувавме на децата дека тоа е како акционен филм, на пример, знаете ли каде има некој што убива друг со мачета? Па исто е, се е лажно – изјавила таа.
- Филмовите за возрасни се направени за да возбудуваат, но тоа не е интимноста што ја имате со некој што го сакате. И во секој случај, којзнае зошто, никому не му се проблем сцените со луѓе на кои им е пресечено грлото, додека сцените на водење љубов се стигматизирани - смета Роза.
Таа мисли дека телото е само тело, а поврзувањето со некого на интимно ниво е сосема поинакво. За неа секогаш имало голема разлика меѓу двете нешта.
-Душата е нешто друго, Роковата е моја. Иако на почетокот се однесуваше со мене како да е на снимање - ми кажа како да се свртам, како да застанам... - изјави таа.
- Ми требаше една година да најдам храброст да му кажам дека не ми се допаѓа, дека сакам други работи, друга нежност. Тој го сфати тоа – заклучила таа, пишува Дејли Стар.