Морничави предвидувања на новиот Нострадамус: „Наскоро ќе започне нова светска војна“, датумот сѐ поблиску

Индиецот Кушал Кумар се претставува себеси како „новиот Нострадамус“. Тој тврди дека предвидел бројни светски настани со помош на астрологијата, а во новата објава нема добри вести. Кумар, односно Новиот Нострадамус, вели дека третата светска војна е пред нас...

Тој во своите предвидувања ја користи ведската астрологија и е сосема сигурен дека нов голем светски конфликт би требало да започне во мај, најдоцна во јуни, пишува Дејли Стар. Тој додава дека точно предвидел дека оваа година ќе донесе многу војна, своите предвидувања ги објавува на различни портали специјализирани за астрологија...

-Израел е во војна, која може да се прошири, има војна во Украина, во која би можел да се вклучи и НАТО... Има тензија меѓу двете Кореи, како и меѓу Кина и Тајван. Има и индикации дека некои светски лидери од овие региони имаат проблеми - вели Индиецот.

И работите ќе станат уште полоши. Овој Индиец ја гледа смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси како доказ дека неговите предвидувања ќе се остварат...

– 18 јуни има најголем планетарен стимул како денот кога ќе започне Третата светска војна. Други опции се 10 јуни и 29 мај - вели Кумар.

Не кажа кој ќе излезе од таа војна како победник, кој воопшто ќе се бори, ваљда уште не „видел“...

- Можете ли да ми кажете кој ќе ја освои Лигата на шампионите? Ми требаат пари за да се подготвам за крајот на твојот свет – се пошегувале во коментарите на социјалните мрежи за Индиецот, пренесува 24сата.хр


Фото: freepik