Морници да ве полазаат: Зад огласот за изнајмување гарсоњера од 11 квадрати за 280 евра, се крие вистински хорор

Сопственикот бара 280 „евра“ за оваа гарсоњера која се наоѓа на периферијата на градот, а во цената не се вклучени сметките за струја, вода, парно и одржувањето.

Наоѓањето стан за изнајмување може да биде многу стресна работа, па мора да изгледате како детектив, за да ги избегнете „сопствениците од пеколот“. Сосема обична реклама за нималку обичен стан во Загреб ги запали корисниците на социјалната мрежа Редит. Често слушаме и гледамекако станоиздавачите практично рекламираат „шупи“ по налудничави цени, но овој хит од студиото треба да го погледнете ...

Станот е со површина од 11 квадрати (една соба) и се наоѓа во подрум на зградата. Опремен е со софа со душек, машина за перење, рингла, фурна, мини фрижидер, плакари. Греењето е на струја, па трошокот за греење зависи од тоа олку станарот грее и троши (има електрично броило и се плаќа реалната потрошувачка). Комуналиите се плаќаат посебно и не се вклучени во цената на закупнината. Задолжителен аванс во износ од една месечна кирија“, стои во огласот.

Би се рекло дека се е „нормално“, но кога ќе слушнете по која цена се издава, ќе ви се заврти во глава... Сопственикот за ова гарсоњера која се наоѓа на периферијата од градот  „бара“ 280 евра, а во цената не се вклучени сметките за струја, вода и одржување. Бидејќи има само 11 метри квадратни, не е чудно што кујната, бањата и дневната соба се споени во една просторија. Но, бањата е хит, внимавајте каде е тоалетот, а каде тушот. Можеш да седиш на wc-шолјата и да се тушираш, практично зар не?

А дека не е само проблем во грубоста и алчноста на станоиздавачот, потврди и девојката која своевремено „живеела“ во ова студио ... 

„Требаше да бидам во тој стан, т.е. се вселив и се иселив истиот ден. Еден месец бев во неговиот друг стан, но бев со цимерка така што беше во ред. Подоцна не планирав да останам таму па ми го понуди ова да бидам сама во него, атој како спие ваму-таму кога треба нешто да направи. А јас бев глупа и наивна па го земав затоа што ликот е од Дубровник, овде доаѓа само кога треба да направи нешто во Загреб. А кога се вселив, тој ден тој остана преку ноќ, јас секако се заклучив во собата преку ноќ, а следниот ден ме праша зошто се заклучувам и зошто не му верувам. Потоа почна да ми се нафрлува, да поставува незгодни прашања и на крај ми понуди и интимна врска. Веднаш си заминав затоа што ќе плачев акоостанев со него, им кажав се на мама и пријателка. Кога се вратив во станот повторно ме малтретираше велејќи дека нема да направи ми нешто лошо, не можев да слушам повеќе и ги повикав моите да дојдат по мене.Подоцна и кажа на мајка ми дека сето тоа го измислив и дека веројатно имам некои трауми од порано“, напиша девојката.


Фото: Редит