Москва- Близу до Кремљ, 18 ката под земја

Бил изграден до 1959 година и за среќа никогаш не бил целосно искористен за својата главна функција

Бункерот 42 беше дизајниран и изграден по првите нуклеарни тестови на поранешниот Советски Сојуз, кога беше одлучено тој да биде направен на длабочина од најмалку 50 метри под земја за да се избегнат ефектите од удари и радиоактивно зрачење.

Ова беше огромен предизвик за Русите - тие мораа да изградат монументална безбедна градба според одредени спецификации под улиците на градот, без да ја нарушат постојната инфраструктура.

Поради стратешки причини и близината на московскиот Кремљ, Бункерот 42 започнува во областа Тагански.

За време на Студената војна, ова беше главната база која ги надгледуваше авионите што носеа нуклеарно оружје.

Денес, областа е претворена во споменик и музеј наречен Бункер 42, кој одговара на прашања за тоа каков бил животот зад Железната завеса.

Секој посетител добива тајна пропусница, се спушта на 18 ката под земја и истражува област каде што 30.000 луѓе би можеле да преживеат 90 дена без да излезат надвор.

Во музејот има и ресторан со руски специјалитети, а собата се издава на хеви метал бендови, тим билдинг, свадбени церемонии, деловни конференции и слични настани.