„Може да и биде дедо и тоа го знаеме сите“: Познатиот пејач не престанува да ја шокира јавноста поради врската со 40 години помладата партнерка
Лајонел Ричи и Лиза Париси се во среќна врска веќе неколку
години, а големата разлика во години не е пречка за нивната љубов.
Познатиот музичар Лајонел Ричи (73) веќе неколку години е вљубен во младата Лиза Париси (33), а кога јавноста дозна за нивната врска, цела Америка зборуваше за тоа.
Медиумите отидоа дотаму што шпекулираа дека парот е заедно од 2014 година, кога таа имала само 23 години.
Сепак, се чини дека разликата во години не им е проблем, бидејќи заедно се појавија на црвениот тепих на доделувањето на Американските музички награди во Лос Анџелес, каде привлекоа големо внимание.
73-годишниот кантавтор и неговата 33-годишна партнерка позираа со широки насмевки додека разменуваа нежни и љубовни погледи пред фотографите. Таа блескаше во елегантен фустан со шлиц, а тој во црн костум кој го усогласи со нејзината креација.
Инаку, двојката ретко се појавува во јавност, иако се заедно од 2014 година, а многумина се изненадени од фактот што разликата меѓу нив е дури четири децении, а оваа убавица е значително помлада од ќерката на легендарниот пејач Никол, која има 43 години.
Сепак, има и многу коментари за тоа како славниот 73-годишник добро се држи, и дека изгледа прилично младешки.
„Па, и покрај разликата во години, изгледаат хармонично“, „Никогаш не би претпоставил дека разликата е толку голема“, „Изгледа многу помладо“, „Разликата во годините не се гледа“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Од друга страна, имаше и такви кои коментираа дека Лиза не е ни родена кога Ричи ги имал некои од неговите најголеми хитови.
„Иако изгледа добро за своите години, сепак е страшен факт што е постар 40 години“, „Тој може да и биде дедо и сите го знаеме тоа, иако разликата не е толку видлива“, „Тој е целосно променет од масивни пластични операции во желбата да изгледам помладо“, беа коментарите на луѓето кои не се воодушевени од изборот на познатиот пејач.
Фото: Инстаграм