Можна многу поголема бројка на новозаразени со коронавирус кај нас: Дали ќе се надмине рекордот?
Во очекување на новите бројки на заболени од коронавирус во нашата земја, за кои веќе се шпекулира дека за денес изнесуваат 120, а тоа би значело нов рекорд за едно деноноќие, министерот Венко Филипче вчера објасни зошто бројките растат:
- Овој нов бран е директна последица на непочитување на јасно пропишаните мерки, но и на задоцнетата или слаба активност за казнување од страна на надлежното министерство. Вирусот не е шега. Одговорноста е на секој поединец. Не треба да дозволиме дури откако ќе се разболиме да ја разбереме опасноста од вирусот. Ние не можеме да направиме ништо без граѓаните. И ова не е никаква политичка флоскула. Ова е реалност и само заедно може да ја надминеме кризата, никако поинаку.
Во текот на денот, се очекува негова прес- конференција на која и официјално ќе ги презентира новите бројки.