Можност што се случува еднаш во животот: Еве ја улогата на Хали Бери на Олимпијадата во Париз

Некои изразија и незадоволство од донесената одлука...

Се наближува датумот на почетокот на Олимписките игри кои ќе се одржат во Париз по точно 100 години.

Познатата холивудска актерка Хали Бери ја има честа да го понесе олимпискиот оган по Кроазета во Кан во вторник, пред да започне големиот настан, пишува Page Six.

Булеварот на француската ривиера ќе биде привремено затворен од 11 до 13 часот по локално време, за да може непречено да помине оскаровката.

Сопствениците на некои продавници го изразија своето неодобрување и незадоволство од ваквата одлука, бидејќи нема да имаат пристап до нивните простории. Од друга страна, има и такви кои со нетрпение чекаат шанса да ја видат актерката во живо.

- Ќе биде неверојатно да се види како го носи факелот. Тоа е прилика која се дава еднаш во животот - изјави еден обожавател.

Олимписките игри ќе се одржат од 2 до 11 август.

Фото: Инстаграм
Извор: Sd.rs