Мозокот произведува електрична енергија колку да напојува сијалица од 10 до 23 w: И уште неколку непознати факти

Човечкиот мозок и начинот на кој функционира е феномен кој не издвојува од другите живи суштества...

Благодарение на исклучително сложениот мозок, човекот е најинтелигентното суштество на планетата.

Иако сочинува само околу 2% од телесната тежина, мозокот троши околу 20% од кислородот во нашата крв и 25% од гликозата што циркулира во крвотокот.

Во мозокот има околу 100 милијарди неврони, но тие сочинуваат само 10% од мозокот. Околу 75% од мозокот се состои од вода.

Мозокот произведува електрична енергија доволно силна за да напојува сијалица од 10 до 23 w. Просечниот мозок на возрасен тежи околу 1,3-1,4 кг, големината и тежината немаат апсолутно никаква врска со коефициентот на интелигенција (IQ).

Кога ќе се прекине снабдувањето со крв во мозокот, тој губи свест по 8-10 секунди, а без кислород може да преживее 4-6 минути.

Мозокот на новороденчето тројно се зголемува во првата година од животот.

Истражувањата покажуваат дека 50-70% од посетите на лекар за физички заболувања се предизвикани од никој друг туку од мозокот на болната личност (стрес).

Мозокот е најактивен кога спиете.

Луѓето со повисок коефициент на интелигенција повеќе сонуваат, а исто така е докажано дека луѓето кои дремат малку во текот на денот имаат повеќе енергија и се подобро фокусирани на работа. Ако сте здрави, вашиот мозок никогаш не ја губи способноста за учење.

Се проценува дека мозокот произведува 70.000 различни мисли во текот на денот.

Тврдењето дека луѓето користат само 10% од мозокот не е точно, бидејќи секој дел од мозокот има позната функција.

Кога спиете, вашиот мозок е толку паметен што го спречува вашето тело да го прави она што го сонувате. Ако сонувате дека трчате, вашиот мозок знае дека само сонувате