Мрачна тајна: Купија куќа, а кога го преместија ОГЛЕДАЛОТО замрзнаа од страв

Семејството не очекувало да најде двострано огледало и камери скриени во ѕидовите

Новите сопственици на куќа во Аризона наидоа на бизарно откритие во бањата. Анабел Микелсон и нејзиното семејство неодамна се преселија во нов имот и беа свесни дека купиле посебна куќа.

Сепак, тие не очекуваа дa најдат двострано огледало и камери скриени во ѕидовите. Семејството почнало да се сомнева кога забележале дека целото огледало е прицврстено на ѕидот, па решиле да истражат. Анабел била толку заинтригирана од целата работа што го сними и сподели целиот процесот на отстранување на нивниот ѕид на. 

Семејството отстрани дел од ѕидот зад кој пронашле необични плакари, како и двострано огледало и жици за кои веруваат дека биле користени за камери.

- Имавме право! Тоа е двострано огледало! Малку го уништивме, но добро - напиша таа.

- Причината зошто сме сигурни дека ова е двонасочно огледало е тоа што куќата порано беше како еден вид бордел. Претходниот сопственик беше познат по тоа што „постојано се забавуваше“, рече таа. „Постојат камери што водат до задната порта за да можете да ги пуштите луѓето да влезат“, додаде таа.

Анабел исто така тврди дека е можно 25 илјади долари да се сокриени некаде во нивната градина, бидејќи откако живеат таму, неколку луѓе дошле и барале пари.

Видео и Фото: ТикТок